Димитријевиќ и Хувентуд ја средија Цедевита Олимпија

neno na vlez

Хувентуд и Ненад Димитријевиќ ја прокнижија третата победа во петтиот натпревар во Еврокупот. Вечерва во Бадалона падна составот на Цедевита Олимпија кој беше надигран во сите сегменти за конечни на крајот 101-81.

Уште на полувремето домаќините водеа со 20 разлика (61-41) со што беше јасна најава за тоа каде ќе завршат бодовите од овој дуел. Препелиќ со 17 поени беше лидер кај победникот за кого Димитријевиќ беше автор на 12 поени (2/3 за еден, 5/6 за два, 0/3 за три) на кои надополни 2 скока и 4 асистенции.

Во следното коло Нено и другарите ќе го пречекаат француски Нантер од кого загубија во првата пресметка.

Facebook Коментари