Димитријевиќ и Хувентуд ја продолжија победничката серија и обезбедија опстанок

neno-huventud

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд и во наредната натпреварувачка кампања ќе се натпреваруваат во најсилната шпанска кошаркарска конкуренција.

Ова е резултатот на одличната серија на резултати клубот од Бадалона кој со денешната победа над Фуенлабрада од 95-87 и дефинитивно го обезбеди опстанокот на две кола до крјаот. За Хувентуд ова беше петти триумф во низа или седми во последните осум среди, а истиот беше остварен благодарение на одличната тимска игра, пет играчи имаа 11 или повеќе кошеви со тоа што од нив најпрецизен беше плејмејкеркот Лапровитола со 18 кошеви, 8 асистенции и 5 скокови.

Димитријевиќ доби шест минути за кои даде 4 поени со 1 скок и 1 асистенција.

Facebook Коментари