Димитријевиќ и Хувентуд го шокираа Реал Мадрид

nenad

Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи од Хувентуд денеска направија подвиг, победувајќи го Реал Мадрид на гостински терен (83:86), во натпревар од шпанското првенство.

Шампионот падна на домашен терен и тоа страшна последна четвртина на гостите од Бадалона, кои го добија последниот период со 25:13 и на тој начин ги освоија бодовите во престолнината.

Нашиот Димитријевиќ го заврши натпреварот со 7 поени, 2 асистенции и 1 скок, а најефикасен кај Хувентуд повторно бил Препелиќ со 22 поени. Керол со 15 и Дек со 14 поени биле најдобри реализатори во редовите на Реал Мадрид.

Со оваа победа, Хувентуд ја прекина серијата од три порази по ред и има ефект 9-11, додека Реал Мадрид ќе го дочека следното коло со ефект 15-5 и загубено прво место доколку Барселона победи.

Facebook Коментари