Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ го врати Хувентуд од „мртвите“, па пропушти две шанси да му донесе победа (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра уште една страшна партија во дресот на Хувентуд, партија која можеше да ја круниса со триумф на неговата екипа на гостувањето кај Уникаха.

Имено Димитријевиќ одигра луд четврти период во кој реализираше 17 поени (плус 3 асистенции) и беше најзаслужен што неговиот тим од минус 16 се доведе во позиција да води и да биде на чекор од победата. Меѓутоа кога беше најпотребно Нено не реализираше, прво на 24 секунди до крајот промаши две слободни при водство на Хувентуд од 84-82.

Домаќините преку Бризуела дадоа кош и израмнија на 84-84, но до крајот имаше уште осум секунди. Топката очекувано заврши кај Македонецот кој не успеа да биде прецизен по што мечот замина во дополнителни минити, продолжение во кое Уникаха доминираше и со 18-9 дојде до конечно славје од 102-93.

На крајот Димитријевиќ заврши со 27 поени, 8 асистенции и 2 блокади, подобар од него беше само Бризуела од таборот на победниците со 30 кошеви, 6 асистенции и 2 скокови.

Хувентуд со учинок 18-15 е на 7 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни