Димитријевиќ со едно промашување против Андора

neno

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја продолжија лошата серија и го доживеаа деветиот пораз во низа во шпанското првенство на гостувањето кај МораБанк Андора со 88-81.

Во дебито на новиот тренер Карлес Дуран клубот од Каталонија се бореше, но тоа не беше доволно за поволен резултат на ова гостување. Нено и другарите не најдоа решение за расположениот Јелинек кој уфрли 21 поен со 5 скока како и за Фернандез кој уфрли 18 кошеви.

Кај Хувентуд се истакна Џордан со 19, а нашиот Димитријевиќ за 6 минути уфрли 5 поени (1/1 за два, 1/2 за три) со 1 асистенција. Следниот предизвик за Хувентуд во АЦБ лигата е исто на гости против Бетис.

Facebook Коментари