Димитријевиќ е најдобар асистент на колото во АЦБ лигата (ФОТО)

neno

Ненад Димитријевиќ имаше одлична партија на пресметката со Сан Пабло Бургос каде реализираше дабл-дабл учинок од 17 поени, 3 асистенции и 10 скокови за 29 минути на паркетот, издание со кое се најде во изборот на најдобрите за 18 рунда во АЦБ лигата.

Имено македонскиот репрезентативец е играчот со најмногу асистенции во колото (10), а покрај него од Хувентуд во најважните категории се најде Клемен Препелиќ за кошаркар со најголем број на индексни поени (33-МВП), плус воедно беше играч со најмногу постигнати кошеви (34).

Број еден скокач е центарот на Тенерифе, Шермандини со 14 скокови, додека „крадец“ на колото е Преси од Естудијантес (5).

Facebook Коментари