Димитријевиќ е кошаркар на годината во Македонија: Чест ми е да бидам наследник на браќата Стојановски

neno sutira

Членот на шпански Хувентуд, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најдобар македонски кошаркар за 2019 година.

Тој успеа да го победи браќата Војдан и Дамјан Стојановски и за првпат во кариерата да дојде до ова признание од кошаркарската федерација на Македонија.

-Ви благодарам за наградата. Навистина ми значи да го добијам признанието од мојата држава за она за кое живеам, за кошарката. И благодарам на Кошаркарската федерација за номинацијата. Чест ми е да бидам наследник на браќата Стојановски, -порача Димитријевиќ.

Во женска конкуреција пак за најдобра кошаркарка беше прогласена Александра Стојановска од албанскиот Фљамуртари.

Тимот на МЗТ Скопје доби многу награди на вечерашната церемонија, па така овој тим беше прогласен за број еден во сениорска и младинска конкуренција, а за најдобри тренери беа прогласени Ѓорѓи Кочов (сениори) и Горан Крстевски (младинска конкуренција).

Андреј Јакимовски е избран за најдобар младинец, додека Илина Селцова за најперспективна кошаркарка.

Ова се добинтиците на сите награди:

Бадел 1862 – НАЈДОБРА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА

МЗТ Скопје Аеродром – НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА (МЛАДИНСКИ ЛИГИ)

Владимир Ѓоровиќ – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА

Горан Крстевски – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА НА МАШКА ЕКИПА (МЛАДИНСКИ ЛИГИ)

Илина Селцова – НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА ЗА 2019 ГОДИНА

Андреј Јакимовски – НАЈДОБAР МЛАД КОШАРКАР ЗА 2019 ГОДИНА

Александар Милојевиќ – НАЈДОБАР СУДИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

ЖКК Вардар – НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2019 ГОДИНА

МЗТ Скопје Аеродром – НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА (СЕНИОРСКИ ЛИГИ)

Жаклина Стојановска – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2019 ГОДИНА

Ѓорѓи Кочов – НАЈДОБАР ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА НА МАШКА ЕКИПА

Емил Рајковиќ – НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОДИНА ВО СТРАНСТВО

Александра Стојановска – НАЈДОБРА КОШАРКАРКА ЗА 2019 ГОДИНА

Ненад Димитријевиќ – НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ КОШАРКАР ЗА 2019 ГОДИНА

Селекција – мажи „Под 16“ години: НАЈУСПЕШНА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

Facebook Коментари