Поврзете се со нас

Евролига

Димитријевиќ двоцифрен во соочувањето со Макаби Тел Авив

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со Олимпија Милано забележа важен триумф над Макаби Тел Авив од 98:86 во средбата од 11. коло во Евролигата.

„Манекените“ посакуваат триумф пред своите гледачи, цел која ја остварија со подобра игра во три од четирите четвртини. Гостите од Израел беа за нијанса подобри во првите 1о минути (22:20), меѓутоа Милано веќе до крајот на првиот дел го сврте резултатот и на пауза замина со позитива од 50:43.

И по одморот избрнаиците на Месина беа на повисоко ниво од противникот, ја зголемија предноста и дојдоа до триумфот број пет во натпреварувањето.

Нашиот Нено за 11 минути на паркетот постигна исто толку поени, а имаше и по еден скок и една асистенција. Ледеј и Миротиќ беа во прв план со искомбинирани 42 поени и 15 скока.

Standings provided by Sofascore

Игра во страшна форма: Шортс со дабл-дабл партија му пресуди на Анадолу Ефес

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни