Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ двоцифрен во новата победа на Хувентуд, шпанскиот тим во Топ 16 во Еврокупот

Објавено

на

blank

Хувентуд продолжи со одличните изданија во Еврокупот и по комплетирањето на осмото коло обезбеди место во следната фаза од турнирот, односно се пласираше во топ 16 фазата во ова натпреварување.

Шпанскиот претставник стигна до својата шеста победа на осмиот меч во Европа, откако оваа вечер славеше на гостувањето во Италија кај тимот на Венеција.

Ненад Димитријевиќ од минатата седмица е активен член на првиот тим по надминување на проблемите со коронавирусот, па по настапот во домашното првенство, денеска имаше голема минутажа на паркетот во Венеција.

Македонскиот репрезентативец мина нешто повеќе од 20 минути на теренот и беше перфектен од полудистанца со процент на реализација (пет од пет) за два поени, па така мечот го заврши со 10 поени зад своето име.

Инаку, Хувентус славеше со конечни 75:89 на гостувањето па со оваа победа се искачи на првото место во групата А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни