Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ двоцифрен во мајсторката против Басконија (ВИДЕО)

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија не успеаа да обезбедат пласман во полуфиналната плејоф рунда во АЦБ лигата.

Валенсија ја имаше предноста на домашниот терен во мајсторката против Басконија, меѓутоа тоа не се покажа како доволно или поточно како фактор да закажат битка со Реал Мадрид. Имено домаќините водеа со 54-53 по 30 минути игра во „Ла Фонтета“, но потоа целосно се исклучија, дадоа само пет поени во последниот период и на крајот загубија со 76-59.

Со ова Басконија поведе со 2-1 што воедно значеше крај на оваа серија, а со тоа и крај на сезоната за Нено и компанија. Димитријевиќ заедно со Дубљевиќ беа единствените играчи на Валенсија со двоцифрен учинок, Македонецот даде 10 (плус 2 скока и 1 асистенција), а Црногорецот 14 кошеви.

Кај победниците Балдвин уфрли 19, Фонтекио пак застана на 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни