Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ двоцифрен во десеттата победа на Хувентуд

Објавено

на

Составот на Хувентуд за кого настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја забележа десетта сезонска победа во првата лига на Шпанија.

Клубот од Бадалона оваа вечер го надигра тимот на Мурчија со 104-93. Домаќините беа расположени за игра, го надиграа противникот и сосема заслужено запишаа нов успех и секако бодови на нивното салдо. Пет играчи на Хувентуд беа двоцифрени, група од која беше нашиот Димитријевиќ кој уфрли 11 поени со 4 асистенции за 20 минути на паркетот.

Следниот предизвик за Нено и компанија кога е во прашање лигата е против Сан Пабло Бургос, меч закажан за 27 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни