Димитријевиќ со двоцифрен учинок и најдобар асистент во Билбао

dimitrijevic

Македонскиот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ запиша уште една квалитетна партија во Ендеса лигата и тоа на гостувањето кај Билбао.

Нашиот ас одлично ги искористи 22 минути кои ги доби од клупата за резерви реализирајќи 12 поени (2/2 за еден, 2/3 за два, 2 од 4 за три) со што беше втор стрелец во таборот на Хувентуд (прв беше Ричард со 18). Воедно Нено реализираше уште три скокови, 4 асистенции (најдобар во својот табор), 1 украдена топка и 1 блокада.

Сепак овој учинок на Македонецот не беше доволен за позитивен резултат, составот на Хувентуд беше прегазен од Билбао со 99-74.  Хувентуд со само 4 победи во 16 кола е во зоната за испаѓање, следниот меч е против мурсија на домашен терен.

Facebook Коментари