Димитријевиќ двоцифрен против Уникс Казан

neno

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одличен настап на денешниот меч против Уникс Казан во Еврокупот, но неговиот Хувентуд претрпе проаз на ова гостување во Русија со 86-74.

Плејмејкерот доби 15 минути кои квалитетно ги искористи, па реализираше 10 поени (2/4 за два, 2/2 за три) со 1 скок, 4 асистенции, 1 украдена топка со што беше трет најдобар поединец во својата екипа зад Препелиќ со 22 и Омиќ со 20 кошеви.

Кај победникот блескаше МекКалум со 32 поени, 4 скокови, 4 асистенции, 3 украдени и исто толку изгубени топки.

Хувентуд до четири кола има учинок од две победи и два порази во групата Ц, а следниот меч го игра против Цедевита Олимпија.

Facebook Коментари