Евролига
Димитријевиќ двоцифрен, Баерн го доби „трилерот“ во Милано
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/Nenad-Dimitrijevic-na-vlez-protiv-bAERN.jpg)
Кошаркарите на Баерн Минхен излегоа како победници од соочувањето со Олимпија Милано во завршниот меч од 17. рунда во Евролигата.
Двете екипи добија по две четвртини, се беше отворено до последната секунда, победата можеше да заврши на двете страни со тоа што овојпат баварците беа тие кои славеа со 79:78. Гостите реализираа еден од двете слободни фрлања на 11 секунди до крајот со што се отвори можност за „манекените“ со кош да дојдат до триумф, одговорноста ја презема Шилдс кој не реализираше по што Букер ја добра топката за седми негов скок на натпреварот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ реализираше 11 поени за Милано со 2 скока, 4 асистенции и 1 украдена топка. Миротиќ со 18 кошеви беше прв стрелец, победникот пак ги имаше расположените Едвардс и Букер со 25 и 23 поени.
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија18 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)