Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ доминираше, Уникс врати еден брејк во дуелот со ЦСКА

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше блескав настап на гостувањето на Уникс кај ЦСКА Москва, па со негова помош екипата од Казањ успеа да ја намали негативата во финалната серија на ВТБ лигата.

Уникс победи како гостин со 80:96, а Димитријевиќ го заврши натпреварот со 27 поени, 9 асистенции и 3 скокови, бројки кои покажуваат дека беше лидер на теренот и најдобар поединец во Москва.

Се разбудија и дел од соиграчите на Нено, кои имаа двоцифрен учинок, меѓу кои и Зајцев со 13 и Најт со 12 поени.

Во редовите на ЦСКА вообичаено најдобар реализатор е Тримбл, денеска со 16 поени, додека два поена помалку постигна Астапкович.

Уникс го намали водството на противникот на 3:1 во финалната серија, а петтиот натпревар ќе го игра на домашен терен и мора да победи за да остане во игра за титулата во ВТБ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни