Репрезентација
Димитријевиќ: Данска е сериозен противник, но ќе бидеме подготвени за предизвикот

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација утре ги започнува претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, а првиот испит е на гостински терен против селекцијата на Данска.
Скандинавците знаат да бидат незгоден противник, но ние предводени од новиот плејмејкер на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ можеме да се надеваме на позитивен резултат во Нествед.
Димитријевиќ е оптимист и верува декако како група ќе можат да одговорат на првиот предизвик од оваа фаза.
-Важен е почетокот и многу ни е важно да почнеме добро. Знаеме дека Данска е сериозен противник, одиме на гости, но мислам дека ќе бидеме подготвени за предизвикот.
-Имаме една добра група, тренираме заедно и верувам дека ќе се подготвиме добро за предизвиците. Добро сме подготвени за првиот натпревар, и мора да продолжиме по истиот пат. Тоа е, напорно да работиме и треба да имаме целосен фокус на Данска, а дури потоа на сите останати, -порача Димитриевски.
Средбата Данска-Македонија се игра утре од 19 часот.
-
АТПпред 16 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 13 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 16 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 14 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 15 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Тенисер кој пред две недели играше во Скопје, денеска го освои Ролан Гарос