Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ блиску до преселба во еден од најдобрите клубови во Русија

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ нема мирно лето или поточно неговото име се поврзува со доста клубови што е еден знак дека ќе си замине од Валенсија по само една сезона.

Плејмејкерот го „носеа“ во неколку тимови од АЦБ лигата (Гран Канарија и Сарагоса), потоа во Црвена Звезда, ама ништо од тоа не излезе и сега како што стојат работите е на добар пат да заврши во Русија.

Според Лука Д’Алесандро кој секогаш има информации, вести и важи за кошаркарски инсајдер нашиот ас е во напредни преговори со Уникс Казан. Тоа е една од најквалитетните руски екипи заедно со ЦСКА Москва, Зенит и Локомотив Кубањ.

Уникс нема да игра во европските купови и ќе се натпреварува само во домашното првенство што секако е добра вест за Македонија ако Нено потпише за нив затоа што не би имал никаков проблем да игра за националниот состав.

Димитријевиќ е скопско дете кое веќе долго време е во Шпанија каде досега освен за Валенсија настапуваше за Хувентуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни