Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ блескаше во Истанбул, Хувентуд перфектен во Еврокупот

Објавено

на

Хувентуд го продолжи перфектниот старт на сезоната во Еврокупот и по третиот одигран натпревар, откако вечерва покажа класа и доминација во дуелот со Бахчешехир.

На натпревар кој се одигра во „Акатлар арената“ во Истанбул, гостите од Шпанија покажаа дека се дојдени по триумфот уште во првата четвртина, во која создадоа двоцифрена предност со резултат 16:28. Хувентуд, продолжи да притиска и нова поопиплива разлика направи во третиот период, по што стана јасно дека шпанскиот тим ќе дојде до трета победа на исто толку одиграни меча (72:91).

Нашиот Нено Димитријевиќ одново блескаше во својот тим и беше еден од најдобрите на паркетот, завршувајќи го мечот во Турција со 13 поени, 8 асистенции и 3 украдени топки.

Статистички гледано, на паркетот имаше само двајца поефикасни кошаркари од Димитријевиќ, Грин од редовите на турскиот тим кој имаше 14 поени и Томиќ од Хувентуд кој беше најдобар поентер со 21.

Во следната рунда во Еврокупот, Димитријевиќ и Хувентуд ќе играат на домашен терен, а противник ќе им биде Венеција која е петта во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни