Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ блескаше против Зенит, Уникс го сруши шампионот на отварањето на сезоната во ВТБ лигата

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан имаа фантастично отварање на новата сезона во ВТБ лигата и тоа со победа над актуелниот шампион Зенит на негов терен со 82-79.

Дуелот беше доста неизвесен до последната секунда, но мора да се признае дека Уникс на крајот сосема заслужено дојде до победата со оглед на тоа што го контролираше резултатот и играта во целото второ полувреме.

Еден од најдобрите на паркетот беше токму нашиот репрезентативец кој уфрли 17 поени со 3 скока и 9 асистенции, поефикасен од него беше само центарот Рејнолдс со 22 кошеви.

Во следната рунда Уникс е домаќин на составот на Енисеј на 9 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни