Европски купови
Димитријевиќ блескаше, Хувентуд го победи Монако

Шпански Хувентуд оствари нова победа во Топ 16 фазата на кошаркарскиот Еврокуп, а најзаслужен за триумфот над Монако (79:72) беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Нено беше расположен за игра и постигна 22 поени, а имаше и 3 скокови и 2 асистенции, со што го заврши натпреварот како најдобар поединец на теренот.
Димитријевиќ со одличната партија си ја заслужи минутажата, откако помина повеќе од 30 минути на теренот, а Хувентуд го реши победникот во второто полувреме, во кое покажа повеќе од противникот.
Зад Димитријевиќ меѓу стрелците се најдоа Броџиански со 11 и Лопез-Аростеги со 9 поени, додека кај Монако најдобар реализатор бил Најт со 17 поени.
Со победата во дербито во својата група, Хувентуд сега има максимален учинок од три победи и прво место на табелата.

- Лига на шампионипред 23 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Лига на шампионипред 14 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 15 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 13 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 10 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 11 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 11 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Англијапред 14 часа
Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон се удавил пливајќи во езеро во Бразил