Димитријевиќ без грешка, Хувентуд го прегази Билбао

dimitrijevic

Составот на Хувентуд дојде до многу важна победа во шпанското првенство и тоа над еден од ривалите за опстанок Билбао со 84-56.

Како што покажува самиот резултат, домаќините беа доминатни на пресметката и тоа од самиот почеток до крајот. Веќе по првата четвртина Ненад Димитријевиќ и колегите имаа плус десет (14-4), преднос која до паузата порасна за уште три поени (37-24).

Во продолжението немаше промени на теренот, каталонците беа во елемент и го запишаа 7 сезонско славје. Лапровитола со дабл-дабл учинок од 22 поени 10 асистенции беше најдобар кај Хувентуд, екипа за која нашиот Нено одигра 9 минути со перфектна реализација за вкупно пет поени (1 од 1 за два, 1 од 1 за три) на кои придодаде 1 скок и 2 асистенции.

Слендта средба за македонскиот репрезентативец и соиграчите е на гости кај Сан Пабло Бургос.

Facebook Коментари