Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/valenciacf

Тимот на Валенсија за кого настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски е новиот „фенерџија“ во првата шпанска лига по вечерашниот пораз на „Хосе Зорилја“ од Валјадолид.

„Лилјаците“ загубија со 1-0 од екипата која до денеска беше на последното место на табелата, односно овој вечерашен резулат донесе промена и сега клубот од „Месталја“ е на дното со само 10 освоени бодови.

Димитриевски конечно застана на голот на Валенсија во Ла Лига по повредата на Мамардашвили, ама и тој не успеа да помогне на вечерашниот меч на кој единствениот удар кој домаќините го испратија во рамките на неговиот гол заврши во мрежата.

Клучниот момент се случи во 20 минута кога по грешката на Москера, офанзивецот Ануар успеа да ја смести топката на посакуваното место.

Во следното коло Валенсија му гостува на Еспањол.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни