Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски втор стрелец против Гвадалахара

Објавено

на

Составот на Синфин за кого настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски претрпе минимален пораз од Гвадалахара од 29:28 во средбата од 22. коло во АСОБАЛ лигата.

Гостите имаа свои добри моменти на овој меч и во првото и во второто полувреме, меѓутоа домаќинот беше тој што знаеше како да одговори на предвизвикот, ја преземе контролата и дојде до 6 сезонско славје.

Димитриевски одигра солидно, имаше 50 процентна реализација на ударите и беше втор стрелец во својот тим со четири погодоци, односно поефикасен беше само Бесера со пет голови.

Екипата на Синфин со 14 бода е на 13 позиција на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни