Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски во елемент против поранешниот клуб (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Македонскиот интернационалец, Дарко Димитриевски имаше квалитетно издание во дресот на Валјадолид против Пуерто Сагунто во АСОБАЛ лигата.

Бекот во минатото настапуваше за клубот од Валенсија и како да беше дополнително мотивиран на овој дуел, па со својата партија придонесе Валјадолид да слави на ова гостување со 34:29.

Велешанецот со шест постигнати гола беше прв стрелец кај победникот, состав за кој активен беше и крилото Димитар Димитриоски со една реализација.

Ова за избраниците на Писонеро беше 9. победа во шампионатот, прва во 2024 година, па со вкупно 19 бода ја заземаат 5. позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни