Димитриевски со „тројка“ ја заврши кампањата во АСОБАЛ лигата

dimitrievski

Македонскиот интернационалец, Дарко Димитриевски со три постигнати погодоци против Гранолјерс ја заоружи сезоната во АСОБАЛ лигата.

Овие три погодоци нашиот повремен репрезентативец ги даде од седум обиди, а пак неговиот Блендио Синфин го загуби ова гостување со 36-29. Домаќините беа подобри, поквалитетни во двата периоди (21-16, 15-13), а најдобар поедниц беше Трехо со седум голови.

Прво име кај Синфин кој оваа кампања ја заврши на 11 место (24 бодови) беше Егања со 8 погодоци.

Facebook Коментари