Димитриевски: Тешко е без најблиските, ама е неопходно и мора да издржиме

stole

Столе Димитриевски е еден од нашите репрезентативци кој е „заглавен“ во Шпанија, земја која е една од најпогодените од коронавирусот.

Голманот на Рајо Валјекано е во карантин, а за „Марка“ откри како минува неговото време во самоизолација.

-Со целата ситуација се справувавм со многи трпение. Свесност за ова што го доживуваме. Читам, гледам филмови, серии, тренирам да не ја загубам формата, зборувам со семејството, со пријателите. Типични работи, многу WhatsApp, пораки … Сакам да читам спортски книги. Сега ја читам на Ибрахимовиќ кој е еден од моите омилени играчи. Сакам книги со историска спортска содржина. Кога се во прашање сериите, гледам некои од Балканот, многу Нетфликс, -вели Столе на кого очекувано му е тешко што е далеку од дома и од неговите најблиски, семејството.

-Тешко е, изилирани сте, не излегувате од дома. Размислувам за тоа колку сум далеку од нив. Разговарам со моето семејство секој ден, многу. Ние си кажуваме едни на други како работите се таму и тука. Ми недостигаат, тешко е, ама мора да разберете дека е потребно -рече Димитриевски кој го стави фудбалот во втор план.

-Да, оваа недела требаше да го играме плејоф мечот со Косово за ЕП. Ама тоа сега не е важно, не зборуваме фудбал. Ќе дојде време за тоа. Најважно во моментов е да ја добиеме оваа битка, -порача најдобриот македонски голман за „Марка“.

Facebook Коментари