Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски солиден, Синфин разочара на домашен терен

Објавено

на

Синфин играше важен натпревар против Нава во шпанското ракометно првенство, а ниту солидниот настап на Дарко Димитриевски не му помогна на домашниот тим.

Нава славеше со 25:36 на ова гостување, си ја прекина серијата од два пораза по ред и се израмни со Синфин со 8 бодови на табелата.

Синфин потфрли во првиот дел во кој постигна само 9 голови, но дополнително се „распадна“ на теренот во продолжението, што гостите го искористија за рутинска победа.

Димитриевски го завршил настапот со 4 голови, а таков најдобар реализаторски ефект имал само уште Бесера.

Синфин со 8 бодови е на само еден бод од опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни