Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/valenciacf

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски за брзо време одигра уште еден меч во дресот на Валенсија и тоа одново во рамките на Купот на Шпанија.

Познато е дека Столе не е прв избор на тренерот Бараха во Примера, но ситуацијата е поинаква во Копа Дел Реј каде во рок од осум дена одигра два меча, прво бранеше против Парла, а вечерва во соочувањето со Ехеа.

Фаворитот не згреши и со три гола во вториот дел се избори за славје од 3-1 (Кордоба, Гомез, Рафа Мир) и место во следната фаза. Димитриевски прими гол во 71 минута кога прецизен одблиску беше Габри Палмас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни