Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски со квалитетна партија против Синфин

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Екипата на Валјадолид на македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски им се врати на победите во АСОБАЛ лигата и тоа против Блендио Синфин кого го совладаа со 29:26.

Домашниот тим го имаше статусот на фаворит, ама мораше добро да се потруди, да се испоти за да го оствари посакуваниот резултат и ги израдува своите поддржувачи.

Гостите пружија силен отпор и првиот дел го добија со 19-17, но по паузата Валјадолид одигра страшно во одбрана, прими само седум голови што беше клучот да го сврти натпреварот и се избори за осмо славје во кампањата.

Димитриевски имаше квалитетно издание против поранешниот тим и даде четири гола од пет обиди, додека пак Димитриоски имаше еден неуспешен обид за погодок. Поранешниот вардарец Толедо беше најефикасен со седум реализации.

Адемар Леон е наредниот противник на избраниците на Писонеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни