Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски со „чиста мрежа“, Валенсија обезбеди осминафинале во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/valenciacf

Екипата на Валенсија за која настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски успеа да обезбеди билет за осминафиналето во Купот на Шпанија.

„Лилјаците“ ја оправдаа улогата на фаворити и славеа на гостувањето кај второлигашот Елденсе со 2-0.

Ова беше дуел на две тима кои се наоѓаат под цртата (за опстанок) во своите шампионати со тоа што квалитетот е на страната на Валенсија која дилемите околу победникот ги реши уште во првиот дел со двата гола кои беа дело на Канос во 9 и Лопес во 39 минута.

Нашиот Димитриевски беше стартер и успешно ги скроти сите удари кои беа упатени кон неговиот гол.

Следниот предизвик за Столе и другарите е соочувањето со Севилја во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни