Димитриевски и Синфин надиграни од Валјадолид

darko odbrana

Синфин на нашиот Дарко Димитриевски претрпе пораз од Валјадолид од 29-23 во денешниот натпревар од второто коло во АСОБАЛ лигата.

Повремениот македонски репрезентативец и неговите колеги немаа решение за домаќините кои уште во првиот дел се изборија за позитива од шест голови (15-9), предност која рутински ја задржаа во вторите 30 минути. Браво, Клементе и Иглесијас со по пет голови беа најефикански кај победниците, додека пак Егања со осум голови ја предводеше листата на стрелци кај Синфин.

Димитриевски пак реализираше еден од неговите четири обиди.

 

Facebook Коментари