Димитриевски и Синфин ја забележаа петтата победа во АСОБАЛ лигата

darko sutira

Синфин на Дарко Димитриевски ја прокнижи петтата победа во 12. коло во првата лига на Шпанија.

Пред своите гледачи Дарко и колегите беа подобри од составот на Бенидорм со 29-24. Во двете полувремиња домаќинот беше подобар, поконретен и на крајот сосема заслужено дојде до двата бода од овој дуел.

Редондо со 8 погодоци беше најдобар стрелец, додека македонскиот репрезентативец Димитриевски реализираше еден од двата обиди и тоа оној од шест местри.

Синфин во следната рунда во АСОБАЛ лигата му гостува на Пуенте Хенил.

Facebook Коментари