Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски си посака желба пред мечот со Летонија: Тоа секогаш ми носи среќа

Објавено

на

foto: FFM.MK

Столе Димитриевски повторно дочека еден репрезентативен собир за да ја темпира формата, а после брилијантните изданија кои ги имаше во месец октомври, чуварот на мрежата на Валенсија сега си постави иста цел и за следните два предизвици.

Македонија игра два натпревари на домашен терен против Летонија и Фарски Острови, пресметки на кои Столе сака да ја продолжи импресивната серија која ја стартуваше на мечот со Ерменија во септември.

Димитриевски на три меча во низа ниту еднаш не ја вадеше топката од својата мрежа, па сега си посака желба пред утрешниот меч кој се игра на „Тодор Проески“.

– Сакам да останам со чиста мрежа и по овој одигран натпревар. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам да оставам чиста мрежа, тоа ми носи среќа и сега имам јасна цел на утрешниот натпревар.

– Први сме во групата и влегуваме без притисок во последните два меча. Јас се обидувам да го сочувам својот гол на секој одигран натпревар, но поважно е да дадеме и да останеме на првото место. Наша цел беше да бидеме први во оваа група, а со таа цел влегуваме и во последните два натпревари од групата, – изјави Димитриевски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни