Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски се прости од Рајо и преку социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски вчера со официјална изјава за шпанските медиуми потврди дека си заминува од Рајо Валјекано и дека става крај на убавата етапа која траеше шест години, но македонскиот чувар на мрежата почувствува потреба да се огласи и преку социјалните мрежи.

Најдобриот македонски голман стана синоним за сигурност на голот на Рајо и е надалеку ценет во цела Шпанија, па не чуди фактот што кариерата ќе продолжи во Ла Лига.

Димитриевски се договори со Валенсија и кариерата ќе ја надоградува на „Месталја“, но во меѓувреме сака да ја искаже сета љубов и сите незаборавни моменти кои ги доживеа на Валјекас.

Столе мораше да мине и низ тежок период пред да стане прв голман, но откако го оствари тоа, стана и чувар со најмногу настапи во историјата на клубот.

– Благодарам, Благодарам, Благодарам. Многу сум среќен што минав шест години во овој специјален клуб. Секогаш ќе го носам Рајо во моето срце, – порача Столе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни