Шпанија
Димитриевски се огласи за својата иднина и го посочи главниот приоритет
Столе Димитриевски ги брои последните месеци од договорот со Рајо Валјекано, а иако веќе некое време неговите агенти преговараат со клубот за продолжување на соработката, засега се уште не е ништо дефинирано.
Тоа остава простор за многу шпекулации со оглед на тоа што Македонецот е еден од голманите кои бранат во најдобра форма во Ла Лига, па последно беше пренесено дека Валенсија будно ја следи ситуацијата на Столе и го има пикирано како наследник на Мамардашвили.
Покрај Валенсија, заинтересирани за потпис на Димитриевски се и Севилја и Вилјареал, но македонскиот репрезентативец сега самиот вели дека најголема предност му дава на својот актуелен клуб.
– Мојата првична идеја отсекогаш е да останам во клубот уште многу години и да ја завршам кариерата тука. Се уште зборуваме и траат конверзациите и ќе останам во Рарјо ако постигнеме договор. Од моја страна, постојат 90 проценти шанси да останам во Рајо, но треба да го прашате и претседателот на клубот за останатите проценти. Во овие преговори секогаш има две страни.
– Потребно е да постигнеме договор за да останам тука со години. Немам понуди од други клубови на маса и мој приоритет е Рајо. Секогаш има многу гласини, но ве уверувам дека немам потпишано ништо со друг клуб, – гласи изјавата на Столе дадена за „Pasión por el Rayo“.
-
Шпанија21 час
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Германија20 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Свет7 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Италија24 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Франција22 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик