Димитриевски се изнапромашува против Барселона

dimitrievski

Македонскиот репрезентативец, Дарко Димитриевски немаше свој ден на денешната пресметка против шампионот Барселона во АСОБАЛ лигата.

Димитриевски не реализираше ниту еден од неговите пет обиди кон голот на каталонците кои сосема очекувано славеа над Синфин со 45-21. Пред повеќе од 3000 навивачи домаќините беа доминантни пред се во првиот дел кој го реализираа со 22-6.

Диоку и Бенгоечеа со по седум голови беа најдобри кај победникот, кај гостите пак Егања беше автор на осум погодоци.

Дарко и другарите во следната рунда се домаќини на Бенидорм.

Facebook Коментари