Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски: Само така можеме до позитивен резултат

Објавено

на

foto: FFM.MK

Македонија утре и гостува на Чешка во мечот кој е последен за нас во овој јунски „прозорец“ во кој претходно се соочувме со Хрватска во Ријека.

Средбата против „коцкестите“ ја загубивме со 3-0 и сега целта е да се прикажеме во далеку подобро светло, издание против селекцијата која исто така е учесник на престојното Европско првенство.

-Нормално дека Чешка е одличен противник, затоа што таму е кадешто се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот.

-Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат, -порача голманот Столе Димитриевски.

Милевски: Напредуваме со вакви натпревари, не очекува различен противник од Хрватска

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни