Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски пристигна на потпис во новиот клуб (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски вчера го бранеше голот на македонската фудбалска репрезентација во Храдец Кралове, а оваа вечер веќе е во градот кој ќе биде негов дом наредните неколку сезони.

По фантастичната етапа во Рајо Валјекано, македонскиот чувар на мрежата имаше примамлива понуда од Саудиска Арабија, но наместо партите, Димитриевски ги стави амбициите во прв план и реши да потпише за многу попознат шпански клуб.

Столе во наредните две сезони ќе биде голман на Валенсија, а според последните информации, во договорот се вклучени дополнителни две сезони како опционални.

Најдобриот македонски чувар на мрежата од Чешка директно се упатил кон Шпанија, а вечерва пристигнал со воз од Мадрид во Валенсија, по што ќе следат стандардните процедури.

Димитриевски во наредните часови ќе ги мине медицинските прегледи во Патерна, по што се очекува официјално да биде потврден како прво летно засилување за Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни