Димитриевски претставен во Рајо Валјекано: Тој е комплетен голман… (Видео)

dimitrievski

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски во оваа сезона ќе го гледаме во најсилната шпанска конкуренција и тоа во дресот на Рајо Валјекано.

Димитриевски во самиот финиш на летниот преоден рок од Гимнастик се пресели во Рајо, но дури денеска беше претставен во новата средина заедно со останатите засилувања. Тој веднаш испрати јасна порака дека со нетрпение очекува да заигра, да го даде максимумот и да ги направи среќни фановите на клубот од Мадрид.

-Овде навивачите се неверојатни и кога ќе играме дома ќе биде најдобро за мене. Се надевам ќе имам добри одбрани и добри паради. Ќе го дадам максимумот за да навивачите бидат среќни, -истакна Димитриевски.

Својот став околу ангажманот на нашиот голман го искажа и спортскиот директор, Давид Кобењо.

-Тој е комплетен голман и перфектно ќе се прилагоди на начинот на игра кој го посакуваме. Игра добро со нозе и ќе имаме убава, здрава конкуренција со Алберто. Му посакуваме многу среќа, -рече Кобењо.

Facebook Коментари