Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски позираше со дресот на Валенсија: Знаев што ќе се случи уште кога ја добив понудата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/valenciacf_en

Столе Димитриевски од денеска и официјално е нов фудбалер на Валенсија, што за него е нов голем предизвик и позитивно скалило по сезоните минати во редовите на Рајо Валјекано.

Македонскиот репрезентативец се наметна со своите одлични настапи во Ла Лига и сега ќе го носи дресот на „лилјаците“, со кој првпат позираше.

– Навистина сум среќен што станав дел од голем клуб каков што е Валенсија.

– Уште од првиот момент кога имаше интерес од Валенсија и уште неколку други клубови, знаев што треба да направам.

– Никогаш не се сомневав дали треба да дојдам овде или да прифатам друга понуда, ми се допаѓа проектот на Валенсија и фактот што нивните млади фудбалери напредуваат многу.

– Импресиониран сум и од стадионот „Месталја“, бев воодушевен кога првпат дојдов овде пред шест години, – изјавил Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни