Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски повторно блескаше, осми пат сезонава ја зачува мрежата во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски повторно имаше блескав настап за својот Рајо Валјекано во денешната победа над Алмерија од 2:0.

Столе уште еднаш, осми пат оваа сезона, успеа да ја сочува својата мрежа недопрена, а натпреварот го заврши со пет успешни интервенции.

За издвојување е интервенцијата од осмата минута кога Димитриевски го скроти ударот на Лео Баптистао кој од непосредна близина силно биеше, но Столе одлично одбрани.

Инаку, головите за Рајо Валјекано беа дело на Родриго Ели кој сам си ја затресе мрежата и Алваро Гарсија кој го постигна вториот погодок.

Рајо Валјекано во моментов се наоѓа на петтото место во Ла Лига со сериозни изгледи за излез во Европа следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни