Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски посака две работи за утрешниот меч со Грузија

Објавено

на

Столе Димитриевски веќе извесно време е еден од најдобрите поединци во македонскиот национален тим, бидејќи со своите паради често знае да биде клучен и да му даде ветер во грб на својот тим.

Голманот на Рајо Валјекано утре сигурно ќе биде внимателен против грузиските фудбалери кои делуваат разигранот на стартот на новиот циклус во Лигата на нации, но пред натпреварот, македонскиот голман побара две работи.

Најпрво побара поддршка од навивачите и посака тие да дојдат во поголем број на стадионот, но исто така посака и „чиста мрежа“ која би била добар предуслов за посакуван резултат против Грузијците.

– Секогаш сум многу среќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и посакувам утре стадионот да биде полн и да добиеме голема поддршка од навивачите. Со навивачите позади нас, ќе биде многу полесно да ја победиме Грузија.

– Исто така посакувам и очекувам да ја сочувам својата мрежа. Со таа мисла влегувам на секој меч и ако успееме да сочуваме чиста мрежа, мислам дека ќе го добиеме натпреварот. Грузија создава многу шанси, но и ние можеме да им наштетите, – изјави Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни