Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски почна да ги освојува фановите на Валенсија: Најмногу ме импресионираше „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Фото:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски се докажа како врвен голман во шпанската Примера и затвори едно незаборавно поглавје во Рајо Валјекано, но после шест години минати во Мадрид, најдобриот македонски голман се реши за поголем предизвик во кариерата.

Иако имаше опции да има поголем мир и далеку повеќе пари со трансфер во Саудиска Арабија, Димитриевски избра да остане во најсилната шпанска фудбалска лига, но од новата сезона ќе ги брани боите на великанот Валенсија.

Шесткратниот шпански шампион го обезбеди потписот на македонскиот голман и успеа да го договори како слободен агент, па откако сите детали беа прецизирани, Столе изминатава вечер притигна во Валенсија.

Планот е официјалната промоција да се комплетира во текот на денешниот ден, но упорните шпанските медиуми успеаја да извлечат неколку кратки изјави од Димитриевски откако пристигнал со експресен воз од Мадрид во Валенсија.

– Многу сум задоволен и многу сум среќен. Најмногу од се ме импресионираше „Месталја“, – порача Димитриевски, кој со оваа изјава почна да ги освојува срцата на навивачите кои секогаш се заслужни за фантастичната атмофера која се создава на најстариот стадинот во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни