Димитриевски одбрани пенал во 91 минута за бод на Гимнастик (Видео)

stole

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски донесе бод за својот Гимнастик на средбата против Алмерија во втората шпанска лига.

Средбата заврши 1-1 и тоа откако во судиското продолжение (91 минута) нашиот Столе излезе како победник во битката со Верза и му го одбрани ударот од 11 метри. Претходно Фидел во 59 минута стрелаше за 1-0, додека Морено во 79 си ја затресе сопствената мрежа за 1-1.

Ова за Гимнастик беше 25 сезонски бод со што се наоѓа на 16 место на табелата.

Facebook Коментари