Поврзете се со нас

Лига на нации

Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре

Објавено

на

Столе Димитриевски има неочекуван старт на сезоната во Валенсија и поради веќе познат сплет на околности не е во натпреварувачки ритам, па затоа за него одлична шанса се натпреварите кои ги игра со репрезентацијата на Македонија.

Македонската „единица“ е еден од најискусните играчи во тимот и како заменик капитен има далеку поголема одговорност во соблекувалната, па затоа и самиот најави дека утре најважно ќе биде да се поправи впечатокот од Торшавн и да се освојат трите бода против Ерменија.

Ремито со Фарски Острови донесе критики од поранешни македонски репрезентативци, но Столе реши да не одговара на прозивките, насочувајќи се само кон она што следи на утрешниот меч.

– Нормално е поранешните колеги и репрезентативци да си имаат свое мислење, но јас како заменик капитен сум максимално фокусиран да одработиме добро утре против Ерменија. За нас најважно треба да биде тоа утре, со победа ќе имаме големи шанси за првото место.

– Сметам дека ние повозрасните во селекцијата треба да повлечеме, а помладите да се качат на возот и да не следат. Да се прикажеме во поинакво светло и да дојдеме до позитивен резултат. Не е важен начинот на кој ќе победиме, важно е само да победиме. Анализиравме како тим и подготвени сме да излеземе по победа, – изјави голманот на Валенсија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни