Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски не можеше ништо да направи: Сабали со фантастичен гол ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Бетис славеше над Рајо Валјекано со 3-1 во последната средба од 34. коло во шпанската Примера.

Домаќините ја имаа улогата на фаворити, статус кој го оправдаа и сега се многу блиску до пласман во Лига Европа во наредната сезона. Уште во раната фаза Бетис ја најави победата и тоа преку Сабали кој во 5. минута испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на нашиот Димитриевски.

Столе направи се што можеше во оваа ситуација, ама ударот на Сабали беше навистина прецицизен, силен и заврши зад неговиот грб.

Во финишот на првиот дел Перез зголеми на 2-0 по што стана јасно дека четата на Пелегрини е многу блиску до посакуваниот триумф. Меѓутоа Комесана во 52 минута ја врати неизвесноста која траеше се до 96 минута кога Иглесијас на асистенција на ветеранот Хоаким стави точка на сите дилеми.

Бетис со 55 бода е 6-ти, Рајо со 46 е на 11. позиција, ама е на само два поени од Џирона која е седма и го држи местото кое води во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни