Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски може да остане на „Валјекас“

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Најдобриот македонски голман, Столе Димитриевски влезе во последните шест месеци од договорот со шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано за кого настапува од 2018 година.

Со оглед на неговиот квалитет и можноста да биде ангажиран без никакво обештетување ова лето неколку екипи од Пиринеите сакаат да го добијат неговиот потпис, тимови како Севилја и Валенсија. Меѓутоа Столе може и да остане на „Валјекас“ во тимот во кој е среќен и задоволен и кон тоа води информацијата која ја сподели „Ел Чирингито“.

Овој медиум пренесе дека голманот и клубот од Мадрид се блиску да си подадат рака за нова соработка.

Столе во досегашната кариера беше дел од Гранада, Кадиз и Химнастик во Шпанија, земја во која се пресели од Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни