Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски ќе го пропушти квалификацискиот дуел со Малта

Објавено

на

Македонската репрезентација ќе биде без првиот голман Столе Димитриевски на претстојното гостување кај Малта во квалификациите за ЕП 2024.

Димитриевски заработи повреда на грбот за време на дуелот против Италија и по направените прегледи, било утврдено дека нема да биде во можност да настапи и на вториот дуел во овој квалификациски мини-циклус.

Селекторот Благоја Милевски дополнително го повика Давор Талевски од редовите на Шкендија, фудбалер кој веќе отпатувал за Малта и уште денеска ќе им се приклучи на колегите од националниот тим.

Македонија вечерва ќе тренира на теренот на противникот од 19 часот.

Натпреварот Малта-Македонија утре ќе започне од 20:45 часот, а нашата селекција го дочекува со четири освоени бодови во досегашниот тек на квалификациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни