Димитриевски ја доби пресметката со Петров во Копа Дел Реј

darko

Дарко Димитриевски со Синфин излезе како победник од битката со Костадин Петров и Гвадалахара во рамките на осминафиналето на Копа Дел Реј.

Синфин во реваншот славеше со 37-28 и тоа откако го наидгра противникот во двете полувремиња. По првите 30 минути беше 17-12, предност која продолжи да расте и во вториот дел.

Димитриевски како и на првата средба која заврши без победник (32-32) реализираше 5 голови, додека пикерот Петров немаше учинок.

Facebook Коментари