Поврзете се со нас

Македонија

Димитриевски: Имав тешко детство, среде ноќ го земаа татко ми да ја брани Македонија!

Објавено

на

Столе Димитриевски веќе долги години е во Шпанија каде со своите настапи стекна статус на еден од најквалитетните голмани во Примера.

Тој од 2018 година е дел од Рајо Валјекано, а во пресрет на дуелот со Барселона имаше интервју за „Ла разон“ каде отворено говореше и за некои тешки времиња како што е конфликот во 2001 година.

-Војната? Се сеќавам дека двајцата чичковци дојдоа во нашата куќа и го земаа татко ми. Бев во дневната соба, беше ноќ и беше многу компликувано. Дојдоа со некаков лист хартија кој беше задолжителна наредба и го одведоа да ја брани татковината. Тоа беше голем шок за цело семејство и ние потоа отидовме во куќата на мојата баба, зашто таму беше посигурно. Македонија многу патеше, но денеска има простор за напредок и раст, -истакна Столе и додаде:

-Тој период траеше скоро една година и татко ми го видов неколкупати. Бев мал, но гледав тенкови и тоа беше шок за мене. Беше тешко, зашто знаеш дека нешто не е во ред. Но, татко ми имаше среќа зашто не беше во најопасните подрачја. Животот многу ни се смени во тој период. Во спортот немав толку тешки периоди, зашто веќе искусив потешки. И ги прифатив, преминав над нив и продолжив со мојата цел. Мојата цел не беше да живеам од фудбалот, туку на семејството да му овозможам подобар живот. Тоа беше моја главна цел. На 17 години потпишав за Удинезе, потоа заминав на заем во Гранада, па Кадиз, го учев јазикот, се прилагодував и излезе тоа многу брзо. Не наидов на некои големи тешкотии, -порача нашиот репрезентативец кој се надева на ново добро издание на Рајо против лидерот во Примера.

-Се надеваме на најдобро. Оваа Барселона во Ла Лига се разликува од онаа во Европа. Чави е човек на Барса. Сака добро да игра фудбал и многу да напаѓа. Тој е најдобриот тренер што Барса можеше да го избере. Во Лигата на шампионите не поминаа најдобро, но има многу млади играчи, -заклучи Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни